Во светот на патувањето, само едно е сигурно – туризмот, поточно трендовите во туризмот, се менуваат од година во година.
Со неколку милиони дестинации што се нудат, тешко е дури и да се одлучи за тоа каде некој со задоволство би го поминал одморот.
Сепак, судејќи според најновото истражување на трендовите, се чини дека дестинацијата повеќе не е најважниот фактор при изборот на патувањето, бидејќи две третини од испитаниците сметаат дека се поважни – искуствата!
Според најновото истражување спроведено од Lonely Planet, а со оглед на тоа што во него учествуваа 7.500 испитаници, патници од заедницата Lonely Planet, добиените резултати доста верно покажуваат тековни трендови.
Патниците одговориле и на некои други прашања.
Истражувањето исто така открило дека дури 95% од испитаниците го гледаат патувањето како можност за позитивни промени во нивните животи, па затоа патувајте што е можно повеќе.
Понатаму, 59 проценти од испитаниците велат дека со патувањето „растат“, а за оние под 35 години тој број се искачува на дури 70 проценти.
Позитивно е што патниците сè повеќе се свесни за важноста и грижата за зачувување на планетата. Дури 68 проценти велат дека повеќе се грижат за екологијата додека патуваат отколку порано.