По непишано правило, кучињата скитници се плашат и, исто како и вие, сакаат да избегнат конфликт. Затоа, за почеток, бидете смирени.
Тие ретко ги напаѓаат минувачите освен ако не се чувствуваат загрозени.
Без изненадувања
Глутница не е секогаш закана. И кога лаат не значи дека сакаат да нападнат, туку велат дека треба да се засолниме.
Затоа погрижете се да ве слушнат како доаѓате за да не се исплашат. Избегнувајте брзи движења.
Важно е никогаш да не го свртите грбот. Особено не трчајте – кучето е дефинитивно побрзо од вас.
Најдобро е да се обидете да изгледате целосно незаинтересирано – не мавајте со рацете или предметите.
Не врескајте
Не правете врева. Обидете се да оставите впечаток на сигурност, но не и на закана. Кучињата инстинктивно препознаваат страв кај луѓето.
Не гледајте во животното
Контактот со очи покажува дека сме фокусирани, но може да биде и непријатен. Кога ќе го погледнете кучето директно во очи и ќе му пријдете, тоа го толкува како чин на доминација, па дури и агресија.
Одвртете му го вниманието
Иако насмевката изгледа пријателски, може да се сфати дека ги покажувате вашите заби и предизвикува агресија, додека клечењето може да се протолкува како обид да посегнете по камен.
Ако имате предмет што може да го одвлече вниманието на кучето, фрлете го за да може кучето да се забавува со него и вие безбедно да се оддалечите.
Што ако ве каснат?
Ако паднете и не можете да избегнете каснување, наведнете се за да ги заштитите главата и вратот со раце – помалку опасни места за каснување се подлактиците и потколениците.
Не обидувајте се да ја извлечете каснатата рака или нога од вилиците на кучето бидејќи само ќе ја влошите раната, туку удрете го кучето во муцката или на друго болно место и задолжително посетете лекар.
Кога кучето ќе го касне сопственикот
Сопственикот обично има измешано чувство – шок, неверување, лутина. Важно е кучето да не се казнува физички бидејќи тоа може само да ја влоши ситуацијата, подобро е да разговарате со ветеринарот и да се обидете да ја надминете непријатната ситуација.