Што да јадеме за рамен стомак и добро расположение?

Сподели со своите пријатели

Покрај физичките вежби, за да се радуваме на добро здравје и убава фигура, од основно значење е како се храниме. Од храна за рамен стомак до масти кои ѝ помагаат на сувата кожа, треба да го следиме она што го вклучуваме во менито.

Loading...

Овес за рамен стомак

Ако се соочуваме со проблеми со варењето, како оток или непријатност после јадење, треба да се обрне внимание на количината пченица што ја конзумираме. Глутенот во неа може да ги отклучува симптомите.

Затоа е препорачливо да ги замениме житните култури од пченица со такви од овес.

Ладно цедени масла за убава кожа

Сувата кожа може да се должи на недостаток на здрави масти во исхраната. Еден лесен начин за зголемување на нивото е ако конзумираме ладно цедено масло, вклучувајќи од ленено семе или масла од авокадо.

Тие се најпогодни за салати, како и за топлите храни, кон кои се додаваат веднаш по готвење. Корисно е од нив да конзумираме по две лажици дневно.

За добро расположение – чоколадо

Loading...

Консумирањето на чоколадо навистина може да нè направи посреќни, а причината не е само шеќерот.

Какаото – главната состојка во чоколадото, содржи различни соединенија кои го подобруваат расположението и го зголемуваат нивото на енергијата. Таков пример е теобромин.

За најдобри резултати е препорачливо да јадеме по малку црна чоколада со ниска содржина на шеќер.