Фразата „Гладни очи не заспиваат” е вообичаена во денешни денови. Иако сме опкружени со бројни продавници, ресторани, фаст фууд, храната е еден клик од нас во нашите телефони и лаптопи, ние често немаме време да се нахраниме.
Чувството на глад и празен стомак е непријатно и понекогаш ни попречува во нормалното секојдневие и спиење. За да се чувствувате подобро кога сте гладни има некои работи кои треба да ги избегнувате, објавија од foodpanda.
Пиење на чај и кафе.
Секој втор ги пие наутро на гладно овие пијалоци. Пиењето кафе на гладно ја зголемува киселоста, што доведува до варење и непријатност во текот на целиот ден. Консумирањето на чај на гладно може да го потисне лачењето на гастричниот сок.
Примање на апчиња.
Иако, некои лекови се пијат на гладно, за повеќето е контраиндикаторно. Внесувањето на пилула на гладно може да доведе до гадење и чиреви.
Конзумирање на алкохол.
Алкохолот се шири брзо во крвта и предизвикува проширени крвни садови. Ова води до намалување на пулсот и крвниот притисок.
Патување низ вода.
Патувањето на гладен стомак може да доведе до морска болест. Покрај тоа, за време на пат треба да се избегнуваат газирани пијалоци, брокула, карфиол и зелка.