Во несреќен и се надеваме малку веројатен случај на нуклеарна војна од широки размери, разорувачки експлозии би биле само еден од смртоносните проблеми.
Откако облакот – печурка ќе се разиде, се верува дека чадот, јаглеродот и нуклеарната прашина би заминале во атмосферата. Тоа би можело да доведе во ситуација небото да го прекријат црни облаци со што би се намалила температурата на земјината површина, а озонската обвивка би исчезнала, па би дошло до т.н. нуклеарна зима.
Оваа видео објаснува што точно би се случило со цивилизацијата и дава одговор на прашањето дали би можеле да преживееме такво сценарио.
Ова не е така интересно како што звучи. Тоа го покажала и студија спореведена во 2006 година од страна на Американската геофизичка унија која открила дека дури и помала регионала нуклеарна војна би предизвикала нуклеарна зима која би ја уништила глобалната клима и најмалку една деценија би ги опустошула морињата, воздухот и земјата.
Иако САД и СССР активираа илјадници нуклеарни бомби за време на Студената војна, веројатно во светот постојат околу 15.000 нуклеарки распоредени ширум светот и под контрола на одредени држави.
Loading...