Што би се случило кога рускиот гас би престанал да доаѓа во Европа?

Сподели со своите пријатели

САД, Велика Британија и ЕУ најавија дека ќе го ограничат увозот на руска нафта. Овој потег уследи откако Русија предупреди дека може да го прекине снабдувањето со гас за европските земји доколку се воведе забрана за продажба на руска нафта, јавува Би-Би-Си.

Loading...

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Кои се санкциите за руската нафта и гас?

САД најавија целосна забрана за увоз на руска нафта, гас и јаглен откако Украина повика на проширување на санкциите.

Велика Британија постепено ќе го укине увозот на руска нафта до крајот на годината, а ЕУ ќе го намали увозот за две третини.

Владата на Британија вели дека тоа им дава доволно време да најдат алтернативни добавувачи.

Loading...

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека отфрлањето на руската нафта ќе доведе до „катастрофални последици за глобалниот пазар“. Цените на нафтата и гасот веќе нагло пораснаа и може уште повеќе да пораснат доколку Русија престане да извезува.

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Колку нафта извезува Русија?

Русија е трет најголем производител на нафта во светот, зад САД и Саудиска Арабија.

Од приближно пет милиони барели сурова нафта што ги извезува секој ден, повеќе од половина оди во Европа.

САД се помалку зависни, со околу 3% од нафтата увезена од Русија во 2020 година.

Loading...

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Што е со алтернативните извори на нафта?

Бен Меквилијамс вели дека би требало да биде полесно да се најдат алтернативни снабдувачи на нафта отколку гас, бидејќи нема толку многу цевководи. Дел од нафтата доаѓа од Русија, но има и големи количини од други земји.

САД побараа од Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, но земјата досега ги отфрли американските барања за зголемување на производството со цел да се намалат цените на нафтата.

Саудиска Арабија е најголемиот производител во ОПЕК, нафтен картел кој произведува околу 60% од суровата нафта што се тргува на меѓународниот пазар. Затоа, ОПЕК има клучно влијание врз цената на нафтата.

 

Loading...

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Русија не е во ОПЕК, но работи со неа од 2017 година за да постави ограничувања за производството на нафта за да ја контролира заработката за производителите.

САД, исто така, имаат намера да ги ублажат санкциите за нафта од Венецуела. Венецуела порано беше клучен добавувач на нафта во САД, но во последно време најмногу ја продава својата нафта на Кина.

Што би се случило доколку рускиот гас престане да доаѓа во Западна Европа?

Веќе високите цени на парното би се зголемиле уште повеќе. Рускиот гас сочинува околу 40% од увозот на природен гас во ЕУ.

Loading...

 

Русија најави брз, жесток и болен одговор на Западот

 

Доколку овој извор пресуши, Италија и Германија би биле особено ранливи.

Европа би можела да се сврти кон други извозници на гас, како што се Катар, Алжир и Нигерија, но постојат практични пречки за брзо зголемување на производството во тие земји.

Loading...

Русија обезбедува само околу 5% од британскиот увоз на гас, а САД воопшто не увезуваат руски гас. Сепак, цените во Британија и САД сепак значително се зголемија поради штетното влијание на послабата понуда.

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Може ли да се најде алтернатива за рускиот гас?

Loading...

Не е така лесно. „Потешко е да се сменат добавувачите на гас бидејќи ги имаме овие големи гасоводи кои носат руски гас во Европа“, вели Бен Меквилијамс, аналитичар за енергетска политика.

Тинк-тенк Бригел верува дека Европа би можела да увезе повеќе течен природен гас (LNG) од САД доколку Русија престане да испорачува гас на Европа. Исто така, може да ја зголеми употребата на други извори на енергија, но не е ниту лесно ниту брзо.

„На обновливите извори им треба време за да се искористат, така што тоа не е решение на краток рок. Значи она што може да направи разлика за следната зима е промената на горивото или отворањето на електрани на јаглен, како што планираат да направат Италија и Германија во вонредна состојба“, рече тој.аналитичарот Симоне Таљапитра.

Европската унија предложи план да ја направи Европа независна од руските фосилни горива пред 2030 година, што вклучува мерки за диверзификација на снабдувањето со гас и замена на гасот во греењето и производството на електрична енергија.

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

Loading...

 

Што може да се случи со сметките за парно и гориво во домаќинствата?

Потрошувачите ќе се соочат со растечки сметки за енергија и гориво како резултат на оваа војна.

Во Велика Британија, сметките за енергија во домаќинствата се под владина контрола. Но, сметките ќе се зголемат за 700 фунти, на околу 2.000 фунти, во април кога ќе се подигне ценовната граница.

Се очекува да достигне околу 3.000 фунти кога горната граница повторно ќе се зголеми оваа есен.

Loading...

Цените на бензинот и дизелот во Велика Британија исто така пораснаа, а бензинот се очекува да достигне 1,75 фунти за литар доколку војната продолжи.

 

Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев

 

Во САД, трошоците за бензин достигнаа највисоко ниво од 2008 година, а Американската автомобилска федерација вели дека цените се зголемија за 11 отсто само минатата недела.

„Доколку се најдеме во ситуација руската нафта и гас да престанат да доаѓаат во Европа, тогаш ќе ни требаат мерки за рационализирање. Можеби ќе треба да им кажеме на домаќинствата да ги намалат термостатите за еден степен Целзиусов, што би можело да заштеди значителни количини гас“, рече Меквилијамс. изјави за Би-Би-Си..