Што би се случило ако Земјата се судри со црна дупка?

Сподели со своите пријатели

Онлајн калкулатор покажува колку космичка штета би се случила ако нашата планета се судри со црна дупка.

Loading...

Калкулаторот за судир на црната дупка – како што се нарекува – покажува колку би се проширила црната дупка и колку енергија би ослободила ако ја апсорбира Земјата или кој било друг предмет, бидејќи оваа алатка е кориснички прилагодена.

Калкулаторот е создаден од физичарот Алваро Диз, како дел од проектот „Омни калкулатор“, а според неговите пресметки, црната дупка што би ја проголтала Земјата би ослободила 55 трилиони (1018) пати повеќе енергија од годишната потрошувачка на планетата.

Иако за нас, таквиот деструктивен чин би бил само закуска за супермасивна црна дупка, неговиот краен хоризонт, според калкулаторот, ќе се прошири за само една стотинка од милијарда (1012) еден процент.

Можете да ги направите овие и другите пресметки за судир на црни дупки ОВДЕ.