Што ако Лејен испадне од трката за претседател на Европската комисија?

Сподели со своите пријатели

Државните секретари во германското Министерство за економски прашања и членовите на Партијата на зелените, Франциска Брантер и Свен Гиголд, се потенцијални кандидати за комесарски позиции во Европската комисија (ЕК) во случај Урсула фон дер Лајен да се откаже од трката за реизбор на функцијата претседател на ЕК, пишува Политико.

Loading...

Ваквата промена е можна поради веројатноста дека Европскиот парламент ќе биде многу понепријателски настроен кон Фон дер Лајен по изборите одржани од 6 до 9 јуни, се вели во анализата на Политика.

Во вакво сценарио, врз основа на коалицискиот договор на германските владејачки партии, Зелените би имале право на кандидат за уште едно комесарско место во Европската унија.

Брантер моментално е пратеник во Германија, а во рамките на Министерството за економски прашања и климатска акција е задолжена за трговската политика на ЕУ.

На чело на тоа министерство е Роберт Хабек, а неговата десна рака Свен Гиголд се занимава со мали и средни претпријатија.

Претходно беше заменик на Зелените и член на Комитетот за економски и монетарни прашања.

„На крајот, одлучувачки фактор ќе биде која позиција ќе биде празна во ЕК“, вели за „Политико“ упатен во размислувањата на Зелените.

Потенцијалните позиции на комесари на ЕУ за Зелените ќе бидат поврзани со надзорот на европскиот буџет, енергетската политика или надворешните работи.

Loading...

За функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, која во моментов ја извршува Јосеп Борељ, како потенцијален кандидат се споменува германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, додава Политико.