Што ѝ донесе неутралноста на Австрија?

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл, во видео порака по повод националниот празник, истакнува дека е важно Австрија да ја почитува својата одлука донесена пред 67 години за постојана неутралност.

Loading...

„Неутралноста ѝ носи слобода и независност на Австрија и затоа таа мора да биде во центарот на надворешната и безбедносната политика на земјата, особено во актуелната војна во Украина, каде санкциите против Русија ја уништуваат благосостојбата и безбедноста на Австрија“, подвлече Кикл.

Тој нагласува дека неутралноста е одличен политички инструмент за самоодбрана, но наведува и дека власта со своите постапки ја поткопува.

Лидерот на ФПО вели дека земјата се повеќе се вклучува во вителот на ескалација на економската војна.

„Не ја сметам нашата неутралност за товар што нѐ кочи“, подвлече Кикл, барајќи таа да се применува целосно и доследно.

Тој нагласи дека не смее да се дозволи неутралноста да се деградира како историска нота.

ФПО, вели тој, се залага за „ренесанса“ на политиката на неутралност од претходното разбирање, кога австриските политичари се сметаа за посредници и миротворци, а не за воинотворци.

И третиот претседател на австрискиот парламент, Норберт Хофер, смета дека Австрија мора да ја зајакне својата неутралност, пред се со поголема независност од енергетските извори.

Loading...

„Ако сакаме одржливо да ја зајакнеме нашата неутралност, мораме да го направиме нашиот енергетски сектор независен“, нагласи тој, пренесе Танјуг.