Четириесет и петгодишен штипјанец бил приведен во куманово вчера под сомнение дека украл пари и возило со кое подоцна удрил во кумановските гробишта.
– На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово.
С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски