Штајнмаер: Никогаш немало потешко и поважно време за борба за Европа

Сподели со своите пријатели

Никогаш немало потешко време за борба за Европа, но никогаш немало поважно време за борба за Европа, изјави претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.

Loading...

Во говорот пред студентите на Европскиот колеџ, елитна институција која ја обучува следната генерација службеници во институциите на ЕУ во белгискиот град Бриж, тој рече дека следната генерација претставници на ЕУ мора да ги бранат слободата и демократијата, идеалите на европската Унија, објави веб-страницата на германското претседателство.

Штајнмаер ги повика студентите да бидат оптимисти и покрај „Европа во која кризата се чини дека е новата нормала“.

Тој потсети на предизвиците со кои се соочи неговата генерација во времето на колапсот на комунизмот во Германија и Европа, како и во времето на падот на Берлинскиот ѕид.

Германскиот претседател предупреди на зголемување на поделеноста и екстремната реторика во европската политика по успехот на екстремната десница на изборите за Европскиот парламент.

Тој ги повика студентите да ги заштитат демократијата и Европската унија од екстремизмот за младите Европејци „да не се самоубијат повторно поради национализам и омраза“.