Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, прогласи вонредна состојба, со што ги прошири овластувањата на армијата поради зголемениот број протести против владата.
Прогласувањето на вонредна состојба и дава на армијата овластување да апси и приведува луѓе, а ги контролира и јавните протести, што инаку е исклучива надлежност на полицијата.
Генералниот штрајк низ Шри Ланка ја отежна работата на училиштата, јавната администрација и продавниците, а десетици илјади луѓе излегоа на улиците барајќи оставка од претседателот и неговата влада.
Црните знамиња беа поставени во градовите додека се одржуваа демонстрации низ целата земја, а бројот на посети на јавната администрација, приватниот сектор и училишните канцеларии нагло опадна, соопштија владини претставници.
Целосно се прекинати и железничките услуги. Повеќе од 3.000 работници од главната извозно-производна зона во земјата, исто така, престанаа да работат и се приклучија на протестот во близина на главниот град.
Студентски протест со околу 3.000 учесници пред зградата на парламентот беше прекинат по тензична ситуација. На бензинските пумпи низ земјава се создадоа долги редици.
Протестите во земјата избија минатиот месец, вклучително и еден пред канцеларијата на претседателот во Коломбо, со барање претседателот и неговиот брат, премиерот Махинда Рајапакса, да поднесат оставка бидејќи земјата се соочува со зголемени животни трошоци и недостиг од гориво, лекови и гас.
Шри Ланка остана без американските долари потребни за увоз на гориво, гас, лекови и неопходни прехранбени производи.
Владата се обрати до Меѓународниот монетарен фонд, Азиската банка за развој, Светската банка, Индија и Кина за помош.