Тој денес е еден од највлијателните луѓе во светот. Но, за претседателот на Русија, Владимир Владимировиќ Путин многу малку се знае. Поконкретно за неговото минато.
Кој бил, како живеел многу малку се знае, особено за периодот кога живеел во Дрезден.
Тој го поминал животот како млад мајор на КГБ, на улицата „Анѓеликаштрасе“ бр.4, на брдото издигнато над реката Лаба, во втората половина на 80-те години на минатиот век. Неговата позиција била да ги регрутира шпионите во источна Германија кои имале дозвола да патуваат во странство односно, научниците, професорите, новинарите и техничарите.
Тој имал задача да им ја смисли лажната приказна која ќе го покрие нивното патување.
На почетокот на осумдесетите бил поканет во Москва да присуствува на елитниот Институт за обука интелигенција.
После тоа тој бил префрлен во Источна Германија во 1932 година, кога живеел во Дрезден, во периодот кога оваа марионетска држава на Советскиот Сојуз беше во фокусот на Кремљ поради присуството на речиси 400.000 советски војници, поради проектилите кои биле таму сместени и поради тогаш поделениот Берлин кој бил прво шпиунско бојно поле.
Што точно правел таму е мистерија и најверојатно и понатаму ќе остане така.