Шпанскиот премиер ја обвинува Русија за „воени злосторства“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез во четвртокот изјави дека руските бомбардирања на болниците во Украина се „воени злосторства“.

Loading...

Три лица загинаа, меѓу кои и едно девојче, а 17 се повредени во бомбашкиот напад на породилиште во Мариупол.

 

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

„Гледаме како бомбардираат болници. Тие неселективно напаѓаат цивили, очигледно ги кршат човековите права и најверојатно вршат воени злосторства и овие воени злосторства не смеат да останат неказнети“, рече Санчез за време на посетата на прифатниот центар за украински бегалци во Позуело де Аларкон, во близина на Мадрид.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг претходно овој месец објави дека ќе започне истрага за можни воени злосторства извршени од Русија во Украина.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, објави дека одлучил „да го продолжи процесот на покренување истрага за ситуацијата во Украина и тоа што е можно поскоро“.

Loading...

 

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Според Римскиот статут, Украина не е странка во Меѓународниот кривичен суд, но ја прифатила својата јурисдикција во случајот на воени злосторства и злосторства против човештвото на нејзина територија, рече Кан.

Русија, од друга страна, не го признава овој суд.

Германското државно обвинителство во вторникот објави дека покренало истрага за можни воени злосторства на руските сили по инвазијата на Украина за која одлучи Владимир Путин.

Во последниве години, Германија одигра водечка улога во гонењето на воените злосторства и злосторствата против човештвото во конфликтите во странство, на пример во Сирија.

 

Loading...

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

Притоа, го применува принципот на „универзална јурисдикција“, што и дозволува да суди некои кривични дела во Германија, без разлика каде се извршени.

Заедно со германското и шпанското обвинителство најави отпочнување на сопствени истраги во оваа насока.

Шпанското обвинителство ќе истражува „сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ кои произлегуваат од „неоправданиот чин на војна“ – руската инвазија на Украина – и има за цел да ја утврди криминалната природа на фактите и да спроведе онолку истраги колку што е потребно.

На почетокот на март, британската полиција повика сведоци на можни воени злосторства извршени во Украина за да помогнат во истрагата што ја започна МКС.