Шпанската јавна телевизија ТВЕ привремено го суспендираше известувањето од Русија поради новиот закон во земјата што стапи на сила во петокот и предвидените затворски казни за „лажно“ известување за конфликтот.
„Привремено нема да известуваме од Русија откако таму беше воведен закон кој може да доведе до 15 години затвор за ширење вести за кои Москва смета дека се лажни информации“, објави мадридската телевизија.
Русија ја блокираше Медиазона, еден од последните независни медиуми
РТВЕ, во која е вклучено и шпанското радио, моментално го анализира новиот закон воведен во Русија.
„Тажно е и болно да се напушти Русија вака по пет години. Морам да си ги подигнам работите за кратко време и да заминам“, рече дописничката на шпанската телевизија Ерика Реи во видеото на кое се гледаат нејзините патни торби зад неа на креветот.
„Ние новинарите станавме цел на Путин. Целта е да се криминализира нашето работење, но не знаеме какви ќе бидат последиците“, додаде таа.
Реја вели дека не е сигурна за што точно може да биде обвинета, истакнувајќи дека руската влада бара од новинарите „да го повторат она што го кажува владата“ без контекст и евалуација на кажаното.
„Тоа е неприфатливо“, рече таа.
Претходно, наведувајќи ја истата причина, престанаа да известуваат британските Би-Би-Си, германските ЗДФ и АРД, италијанските РАИ, германскиот Си-Ен-Ен и канадскиот Си-Би-Си. Блумберг исто така ја прекина својата работа. И шпанската новинска агенција ЕФЕ и весникот Ел Паис најавија привремена суспензија на покривањето од Русија.
Земјите од кои се споменуваат медиумите, претходно најавија воведување санкции кон Русија, а некои ѝ испратија оружје на украинската армија во војната со Русија.
Европската унија најпрво им забрани на руските јавни радиодифузери „Раша тудеј“ и ТВ „Спутник“ и нивните подружници да работат во нивните земји.
„Тоа е постојан и континуиран извор на дезинформации. Путин сака да го освои не само вселената, туку и духот, менталната структура“, изјави пред една недела високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.