Шпанија сè уште гори: Илјадници луѓе евакуирани, 31 пироман уапсени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата во Шпанија останува критична поради шумските пожари во Галиција, Кастиља и Леон и Екстремадура, поради кои се евакуирани повеќе од 30.000 луѓе, објавија денес локалните медиуми.

Loading...

Властите уапсија 31 лице, а 92 лица се под истрага за можна вмешаност во предизвикувањето на пожар.

Според Министерството за внатрешни работи, Цивилната гарда и Националната полиција спроведоа евакуации, додека Хариља беше означена како најкритична област.

Шпанскиот премиер Педро Санчез планира да ја посети областа, како и Молезуелас де ла Карбаљеда, кои се исто така меѓу најтешко погодените.

Помош доаѓа од ЕУ

Шумските пожари во Шпанија предизвикаа мобилизација на меѓународна помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири регрути од швајцарската армија хоспитализирани по исцрпувачка вежба

Европската унија активираше воздушни и технички ресурси од седум земји, додека посебно внимание е насочено кон покраините Замора и Оренсе.

Меѓународната помош вклучува два канадери и околу 100 шумски пожарникари од Франција, два канадери со капацитет од 550 литри од Италија, од Холандија два хеликоптери „Шинук“ со капацитет од 7.000 литри, од Словачка еден хеликоптер „Блекхок“ со капацитет од 3.400 литри, еден авион распореден во базата Матакан од Чешка, од Германија 66 пожарникари со 21 возило и од Финска 30 пожарникари распоредени во Галиција.

Според генералниот директор за цивилна заштита во вонредни ситуации, Вирџинија Барконес, тоа е „најголемиот прилив“ на меѓународна помош во историјата на Шпанија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Норвешки принц обвинет за силување: Напаѓал жени додека спиеле