Шпанија распореди своја војска во Словачка

Сподели со своите пријатели

Како дел од стратегијата на НАТО против Русија, Шпанија распореди своја војска во Словачка, што ја прави најголемото распоредување на шпански војници во регионот, пренесува ABC.

Loading...

„Заедно со напорите на НАТО да се прошири, се зголеми присуството на Шпанија на источното крило на Алијансата. Последниот чекор беше распоредување на контингент од повеќе од 780 војници во Словачка“, се наведува во текстот.

Со ваквите мерки НАТО ` покажува на Русија дека „има мускули и се обидува да ја одврати Москва од каков било напад врз Алијансата“, тврди авторот на написот, иако Москва повеќепати изјави дека нема намера да нападне ниту една од НАТО членките, но дека нема да ги игнорира дејствијата кои можат да бидат опасни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската армија пронашла тефтер на странски платеници со шифрирани ознаки на украински војници

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека не сака директен воен конфликт со НАТО, но дека Москва е подготвена доколку тоа го сака другата страна, пренесува RT Balkan.