Шпанија на чекор до легализација на евтаназија

Сподели со своите пријатели

Шпанија презеде голем чекор кон легализирање на евтаназијата, откако денеска Долниот дом на Парламентот го одобри предлог-законот, со кој им се дозволува на смртно болните пациенти да изберат одземање на својот живот.

Loading...

Предлог-законот, кој е усвоен со 198 гласови „за“ и 138 гласови „против“, сега ќе му биде испратен на Сенатот на разгледување.

Доколку биде усвоен, Шпанија ќе стане четврта земја во ЕУ која ја легализирала таквата пракса, по Белгија, Луксембург и Холандија. Ако се остварат прогнозите, законот ќе стапи во сила во текот на следниот месец.

Законот предизвика жестока расправа во и надвор од Парламентот.

– Законот за евтаназија претставува пораз на цивилизацијата и победа на културата на смртта за оние кои веруваат дека нечии животи се повредни од другите, истакна лидерот на партијата Вокс, Сантјаго Абаскал.

Пред Парламентот се собраа демонстранти, кои носеле транспаренти „Влада на смртта“.

Католичката црква, која има големо влијание во Шпанија, ја смета евтаназијата како убиство, кога докторот активно му помага на пациентот да умре, како и потпомогнато самоубиство каде докторот му дава смртоносна супстанца на пациентот.

Габриела Точко

Loading...

Leave a Reply