Шпанија го затвори воздушниот простор: Се очекува пад на кинеската ракета

Сподели со своите пријатели

Шпанија денеска накратко го затвори воздушниот простор над Каталонија и уште три региони поради очекуваниот пад на остатоци од кинеска ракета, соопштија властите.

Loading...

Според астрономите, најголемиот дел од кинеската ракета-носач „Long March 5B“, која на 31 октомври го лансираше модулот на кинеската орбитална станица, денеска неконтролирано ќе влезе во атмосферата.

Потсетуваме дека на Земјата ќе паднат меѓу 5 и 10 тони отпад од ракетен блок од 21 тон, а се проценува дека тоа би можело да се случи во 12:20 плус/минус 3 часа.

„Поради ризикот од поминување на вселенскиот објект CZ-5B низ шпанскиот воздушен простор, летовите се целосно ограничени од 09:38 до 10:18 часот во Каталонија и други области“, соопшти регионалната служба за итни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

Европската вселенска агенција соопшти дека остатоците од ракетата најверојатно ќе влезат во атмосферата над средината на Атлантикот и ќе паднат во океанот, но предупреди дека северна Шпанија, Португалија и јужна Италија се на потенцијалниот пат.

„Статистичката веројатност за влијание врз земјиштето во населените места е мала“, соопштија од оваа служба, додавајќи дека попрецизна прогноза е можна само откако отпадот ќе влезе во атмосферата.