Шпанија ги зголемува даноците за некои компании

Сподели со своите пријатели

Шпанската влада најави дека во следните две години ќе го оданочува екстра профитот на електроенергетските компании, а најави и нов данок на банките, за да собере седум милијарди евра за помош на граѓаните во период на висока инфлација.

Loading...

Годишниот приход во 2023 и 2024 година од данокот на вонредната добивка на електроиндустријата во оваа и наредната година треба да достигне две милијарди евра, а приходот од данокот на финансиските институции да достигне 1,5 милијарди евра, изјави премиерот Педро Санчез  во вторникот во говорот во парламентот за состојбата на нацијата.

Владата ќе воведе нов данок „за големите банки бидејќи тие веќе почнаа да ги користат придобивките од (очекуваното) зголемување на каматните стапки“, објасни Санчез.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фармацевтските компании инвестираат милијарди во САД, а Трамп ги намали цените на лековите

Европската централна банка најави дека во јули ќе ги зголеми каматните стапки во еврозоната за четвртина процентен поен, а можеби и повеќе во септември.

Санчез, исто така, тврдеше дека инфлацијата, поттикната главно од руската инвазија на Украина, е најголемиот предизвик за Шпанија, споредувајќи ја со „сериозна болест на економијата што ги осиромашува сите, особено најранливите групи“ во општеството.

Тој најави и зголемување на стипендиите за студенти над 16 години за 100 евра месечно и бесплатни билети на приградските и меѓуградските возови од септември до крајот на декември и одобри план за изградба на 12.000 станбени единици во Мадрид.