Шпанија денеска расправа за предлогот за признавање на независноста на Косово

Сподели со своите пријатели

Денеска ќе се расправа за предлогот на групата каталонски пратеници „Јунтс“ до Парламентот на Шпанија, владата да ја признае независноста на Косово, пренесува Kosovo Online Gazeta Blitz.

Loading...

Каталонските пратеници ќе побараат од Владата на Шпанија да го признае Косово како „правна и демократска држава со околу 1,7 милиони жители“.

„Одбивањето на Шпанија да признае држава која го искористила своето легитимно право на самоопределување е пречка за политиката за вклучување на Западен Балкан во ЕУ и е фактор за дестабилизација на областа во контекстот што се карактеризира со војната во Украина, која овој дел од Европа ја доживува со особена вознемиреност“, вели „Џунтс“ во објаснувањето.

Јунтс смета дека „во поддршка на напорите направени од институциите и народот на Косово во одбрана на нивното право да егзистираат како независна држава, Шпанија мора да се откаже од одбивањето и мора да продолжи со сегашното признавање на Косово“.

Во образложението се предлага шпанското Собрание да ја поттикне владата да ја признае независноста на Косово.