Москва нема да може да ги задржи своите воени капацитети поради строгите санкции што и ги воведоа западните земји како одговор на конфликтот во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Loading...
„Сега имаме далекусежни санкции кои ќе ја вратат руската економија назад со децении, што значи дека нема да може да учествува во глобалниот економски и технолошки напредок“, изјави Шолц за новинарите за време на посетата на Вилнус, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека од извештајот е јасно дека тоа значи дека Русија дури и нема да може да ги задржи своите воени капацитети на исто ниво и додаде дека „Москва во минатото го злоупотребувала увозот на цивилна стока за воени цели“.