Шолц: Путин нема да ја добие оваа војна

Сподели со своите пријатели

Германскиот и австрискиот канцелар Олаф Шолц и Карл Нечамер вечерва гласаа за единство на ЕУ по прашањето за заострување на санкциите против Русија поради нападот врз Украина.

„Денес е тежок ден за мирот во Европа и затоа е важно ЕУ да биде обединета, да донесе одлука за реакцијата на кршењето на меѓународното право. Добро се подготвивме и убеден сум дека брзо ќе донесеме одлука“, изјави Шолц пред вонредниот совет на ЕУ.

Тој нагласи дека одлуката за пакетот нови санкции е важна за да се врати важноста од почитување на меѓународното право.

Тој посочи дека санкциите се подготвувале со недели, дека се прецизни и дека експерти работеле на нив.

„Се подготвувавме за овој ден, иако работевме тоа да не се случи. Се обидовме да го убедиме Владимир Путин да не дејствува воено со дипломатски средства, но тој реши да тргне по тој пат. Путин нема да победи во оваа војна, бидејќи граѓаните на Европа, како и на Украина, сакаат демократија и мир“, рече Шолц.

Нехамер најави дека пакетот санкции ќе биде сеопфатен, дека ќе влијае на финансискиот сектор, како и на банките и олигарсите во Русија.

Тој вели дека ќе опфати и забрана за влез во ЕУ, забрана за извоз, особено технички трансфери, но и стока што може да се користи за цивилни и воени цели.

Според него, секоја од тие санкции може дополнително да се прошири.

Во исто време, тој рече дека е важно да се види дека каналите за дијалог се чуваат отворени, за да може Русија да се врати на преговарачка маса.

Нехамер изјави дека Русија долго време одбива дијалог и дека сега води брутална војна против Украина.

„Останува да се види што може да направи Западот. Сега е важно да бидеме солидарни, пред се со оние кои бараат заштита“, рече австрискиот канцелар и заклучи: „Ние сме европско семејство и мора да бидете еден со друг во семејството“.