Шолц: Предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Газа е неприфатлив

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е „неприфатлив“ и ја повтори својата поддршка за решение со две држави – Израел и Палестина.

Loading...

„Секакви планови за преместување, идејата дека жителите на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или Јордан, се неприфатливи“, рече Шолц.

Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, каде Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг, но дека палестинската управа мора да ја преземе одговорноста за Газа, пренесува Ројтерс. ‘

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 20 Американци се водат како исчезнати во борбите во Украина

„Не смее да се потроши кревката надеж за мир што сега е возможен“, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот.

Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади во Египет, а владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп.

Германија е меѓу главните добавувачи на оружје на Израел, а извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, кога започна војната во Газа, пренесува Ројтерс.