Шолц ќе го посети Макрон, ќе разговараат за европската политика

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, а главна тема на разговор ќе биде европската политика.

Loading...

Првично, француско-германскиот совет на министри требаше да се состане во Фонтенбло во близина на Париз, но состанокот беше одложен минатата недела.

Наведено е дека причина за одложувањето е потребата од координација за „билатералните прашања“, изјави портпаролот на германската влада.

Елисејската палата соопшти дека е потребно повеќе време за координација за одбранбените и енергетските прашања и дека одложувањето не имплицира ништо за состојбата на француско-германските односи.

И покрај одложувањето, Шолц и Макрон се состанаа во четвртокот пред самитот на ЕУ во Брисел, но главно разговараа за подготовка на консултации со другите 25 шефови на држави и влади на членките на блокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалиптични сцени во близина на Виена: Поплавен автопат (ВИДЕО)