Шолц: Ирпин е симбол на суровоста, војната мора да заврши

Сподели со своите пријатели

Украинскиот град Ирпин, како и Буча порано, стана симбол на „суровоста на руската војна“ во Украина и нејзиното бесмислено насилство, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на предградијата на Киев, додавајќи дека војната мора да заврши.

Loading...

– Ирпин, како Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши – напиша тој на Твитер, пренесува Ројтерс.

Шолц денеска е во посета на Украина заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги, јавува британската агенција.