НАТО мора да избегне директен воен конфликт со Русија што може да доведе до Трета светска војна, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Der Spiegel на прашањето за неуспехот на Германија да испорача тешко оружје на Украина.
Ројтерс пренесува дека тој рекол дека нема правилник во кој се наведува кога Германија може да се смета за страна во војната во Украина.
„Затоа е уште поважно да го разгледаме секој чекор многу внимателно и тесно да се координираме еден со друг“, рече тој. „Избегнувањето на ескалација кон НАТО е главен приоритет за мене“, додаде тој.
„Затоа не се фокусирам на анкети и не дозволувам да ме иритираат остри повици. Последиците од погрешен потег би биле драматични“, заклучил тој.