Шолц е мета на истражните органи

Loading...
Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

Имено, тој е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра колку што побарувале даночните власти.

Обвинителството нареди да се претресат неговите мејлови кои ги добил и ги испратил. Поточно, се истражува колкаво влијание имала политиката врз контроверзните одлуки во врска со скандалот „Кум-екс“, пренесува Танјуг.

Во ноември 2016 година беше донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекол низ Европа. Експертите предупредуваат: „Во следните три дена би можеле да умрат 4.500 луѓе“

Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка.

Истрагата е првенствено насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање при затајување данок.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.

Loading...

Банкарите, адвокатите и инвеститорите од 2001 до 2016 година ја мамеле државата со даночни трикови за неколку милијарди евра.

Така на незаконски начин барале двојно плаќање на даноците кои само еднаш ги платиле.