Шолц: Дипломатските канали мора да останат отворени

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека сите дипломатски канали треба да останат отворени за време на кризата во Украина со цел да се изврши притисок за прекин на огнот.

„Важно е да се користат и одржуваат сите формати на дијалог… и да се изврши притисок за прекин на огнот без одлагање“, рече Шолц на прес-конференција по средбата со јорданскиот крал Абдула во Берлин, пишува Ројтерс.