Во споредба со женките на другите цицачи, жените имаат поголем процент на телесни масти за околу 30 проценти. Ова веќе долго време ги интригира научниците, а се чини дека професорот Вил Ласек од Универзитетот во Питсбург конечно ја реши мистеријата.
Имено, маснотиите присутни во задникот и бутовите на жените помагаат во развојот на мозокот на нивните идни деца.
– Потребни се многу маснотии за развој на нервниот систем, а маснотиите што се наоѓаат во овие зони содржат докозахексаенонска киселина (DHA), што е примарна структурна компонента на човечкиот церебрален кортекс – објасни Ласек.
„Се чини дека жените еволуирале за да ги соберат овие добри маснотии пред да пристигне бебето“, рече тој, додавајќи дека 80 проценти од ДХА што му требаат на бебето од маснотиите што ги има акумулирано нејзината мајка од половината надолу.
Преносот се јавува првенствено за време на доењето. „Затоа жените брзо губат телесната тежина додека дојат“, истакна Ласек.
За Дејвид Бејнбриџ, биолог од универзитетот Кембриџ, повеќе од јасно е дека жените со нагласени облини раѓаат поинтелигентни деца, пренесува Пинк.
Несвесно, од памтивек, мажите биле повеќе склони кон такви жени затоа што нивните деца биле посилни и попаметни и со тоа имале поголеми шанси да преживеат.