Шокантни снимки од мачење протекоа од затвор во Северна Кореја (видео)

Сподели со своите пријатели

Во јавноста протетоа шокантни снимки од севернокорејските затвори во кои затворениците по мачењето неретко ги признаваат злочините кои не ги сториле.

На снимката од 2012 година, објавена на доменот news.com се гледа претепување на жена која е обвинета за секс со мажи од Кина и Јужна Кореја, но и мачење на уште еден маж.

Снимката протече само неколку дена по смрта на американскиот студент Ота Вармбра. Тој почина откако е ослободен од севернокорејскиот затвор во состојба на кома.

Лекарите во Вирџинија потврдиле дека Варбир претрпел сериозни повреди на мозокот и се сомневаат дека настанел како последица на кардиопулмонален застој кој го прекинал доводот на крв во мозок, а тоа се случило додека бил во притвор.

Северна Кореја ги отфрли сите обвинувања за злоставување на 22-годишниот студент кој беше во привор и во извештајот го осудува „невтемеленото мислење според кое починал како резултат на мачење и злоставување за време на навикнување на присилна работа“.

Во истиот извештај се вели дек алекарите го вратиле во живот, откако неговото срце скоро и застанало, но други детали за неговите здравствени проблеми нема.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимката има вознемирувачка содржина!

https://youtu.be/HPT_nYFx2Dw

Loading...