Санитарната служба во Санкт Петербург пронашла човек кој од распадот на СССР, во деведесетите години од минатиот век, не излегол од својот стан.
Кога влегле внатре, работниците пронашле смет висок метар и половина и стар изнемоштен маж. Кај него од документите била пронајдена само лична карта од времето на СССР, пошуваат руските медиуми.
Старецот живеел со сопругата, која е психички болесник и која на улица собира работи и сметот го носи во станот.
Судските извршители во Санкт Петербург двајцата ги испратиле на лекување и донеле одлука за иселување од странот за социјално изнајмување.
Подот двособниот стан во зградата е прекриен со голем слој смет, наведуваат надлежните служби додавајќи дека тоа е причината за иселување на овој брачен пар.