Како светот да не може без измами и интриги, а најтешката измама е кога ќе ве изневерат најблиските луѓе во кои сте имале најголема доверба.
Ова е признанието на Хејл:
Со нетрпение ја чекав мојата најдобра другарка да се породи кога дознавме дека е бремена, ја возев на прегледи, бев со неа на породувањето, а потоа дојде бебето и штом ја видов сфатив дека ми заби нож во грб.
Девојка по име Хејли го вели тоа во нејзиното вирално видео. Таа вели дека три дена откако нејзината пријателка се породила, додека го држела бебето во раце, сфатила дека нејзината пријателка е во врска со сопругот на Хејли.
– При менувањето на пелената на бебето забележав дека бебето има испакнатост, два дела рскавица од двете страни на вратот. Мојот сопруг го има и нашите деца исто така. Сега и таа го има ова бебе и знаев дека тоа е всушност дете на мојот сопруг. Пријателката веднаш признала, а сопругот дури по неколку месеци – вели Хејли.
Ситуацијата се разрешила неочекувано – Хејли и една другарка сега живеат заедно, за да си помагаат околу децата, додека тие го прекинале контактот со сопругот на Хејли.