Шојгу: Украина загуби 115.000 војници за два месеци

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу изјави дека, според податоците на руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 115.000 војници и 3.000 единици опрема за речиси два месеци.

Loading...

Тој рече дека за тие два месеци територијата под контрола на руските војници се зголемила за 420 квадратни километри, пренесува „Известија“.

Шојгу изјави дека нема реакција од Киев за условите за решавање на ситуацијата во Украина, кои во јуни ги претстави рускиот претседател Владимир Путин.

„Оттогаш поминаа речиси два месеци, нема реакција“, рече Шојгу.

Како што наведе, бесмислено е да се зборува за таков формат како што е Женевската конференција за Украина и „формулата Зеленски“, бидејќи преговорите без главниот преговарач не се баш јасни, пренесува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ќе обезбеди хуманитарна помош и безбедност за цивилите во Курск

Во јуни, Путин претстави мировен предлог за решавање на конфликтот во Украина, кој предвидува признавање на Крим, регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје како региони на Русија, зајакнување на неврзаниот и ненуклеарниот статус на Украина, нејзина демилитаризација и денацификација, како и укинување на западните санкции против Русија.