Шојгу: САД поттикнуваат геополитички тензии за да ја задржат глобалната хегемонија

Сподели со своите пријатели

Говорејќи на безбедносниот форум Ксијангшанг во Пекинг денеска, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги обвини САД дека поттикнуваат геополитички тензии со цел „да ја одржат својата глобална хегемонија на кој било начин“ и предупреди на ризикот од конфликт меѓу земјите со нуклеарно оружје.

Loading...

Шојгу го обвини и НАТО дека се обидува да го прошири своето влијание во азиско-пацифичкиот регион под изговор дека бара соработка и дијалог со земјите од регионот.

Тој додаде дека САД и нивните западни сојузници и се закануваат на Русија со проширување на НАТО пактот кон исток.

Шојгу го повтори ставот на Москва дека Русија е отворена за мировни преговори за војната во Украина под, како што рече, соодветни услови.

Настанот во Пекинг, најголемиот годишен настан во Кина фокусиран на воената дипломатија, на кој присуствуваат воени претставници од десетици земји, е начин на Кина да ја демонстрира регионалната моќ и да ја зајакне регионалната воена соработка.

САД се претставени од делегација предводена од главниот службеник на Министерството за одбрана за Кина, Ксанти Карас.

Кина тврди дека е неутрална во војната во Украина, но одржува блиски односи со Русија, со чести државни посети и заеднички воени вежби меѓу двете земји.