Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД, кои ќе бидат наменети за хуманитарни и социјални програми, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
„Украина доби грант од 1,35 милијарди долари од САД. Овие средства ги насочуваме кон приоритетни хуманитарни и социјални програми“, напиша Шмихал на Телеграм.
Тој прецизираше дека американската влада го насочувала финансирањето преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и во координација со Министерството за финансии на САД и Стејт департментот, пренесува Укринформ.
Украинскиот премиер им се заблагодари на американските партнери за оваа поддршка, а исто така нагласи дека неговата влада продолжува да работи со своите сојузници за да ги мобилизира потребните финансиски средства во оваа и следната година, пренесува Танјуг.
Светска банка објави нов пакет поддршка за Украина во износ од 750 милиони долари, објави претходно Укринформ.