Шмихал: На Украина ѝ требаат 750 милијарди долари за да се опорави

Сподели со своите пријатели

Светските лидери и меѓународните организации денеска се сретнаа во Лугано, Швајцарија, за да разговараат за обновата на Украина.

Loading...

Европската унија се обврза да воспостави платформа за координирање на обновата на Украина по руската агресија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Платформата ќе се користи за одредување на инвестициските потреби, за координирање на акции и директни ресурси, рече Фон дер Лејен на конференцијата за закрепнување на Украина, што се одржа денеска во швајцарскиот град Лугано, пренесува АП.

„Од почетокот на војната, ЕУ мобилизираше околу 6,2 милијарди евра финансиска поддршка. И тоа не е се. Значително ќе се вклучиме во среднорочна и долгорочна реконструкција“, рече првиот човек на ЕК.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Германија одбиваат Украина да користи оружје надвор од сопствената територија

Платформата ќе ги обедини земјите, институциите, приватниот сектор и граѓанското општество. Во него ќе бидат вклучени и меѓународни организации како што се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека на Украина и се потребни 750 милијарди долари за план за опоравување по руската инвазија.

Шмихал исто така нагласи дека Русија треба да ги сноси трошоците за закрепнувањето на Украина.

„Сметаме дека клучниот извор на закрепнување треба да бидат запленетите средства на Русија и руските олигарси“, рече тој, повикувајќи се на проценки дека замрзнатите руски средства се во вредност од 300-500 милијарди долари.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

„Руските власти ја започнаа оваа крвава војна. Тие го предизвикаа ова масовно уништување и треба да одговараат за тоа“.

Украинската влада, исто така, предложи формирање на канцеларии за координација за закрепнување во Киев, Вашингтон, Брисел и Лондон.