Шкотска: На деца од 4 години дозволено на училиште да бираат пол

Сподели со своите пријатели

Упатството важи во основните училишта, каде што најмалите деца имаат четири или пет години, бидејќи „препознавањето и развојот на целосниот идентитет може да се случи во најраното детство“.

Loading...

Децата на возраст од четири години и повеќе ќе можат да изберат пол во училиштата без родителска согласност, според новиот водич за инклузивност ЛГБТК+ на шкотската влада.

 

 

Секое дете кое ќе одлучи да го промени полот мора да биде поддржано и сослушано во образовна институција, според новиот совет на шкотската влада, објави британски „Телеграф“.

Според „Дејли Мејл“, инструкцијата ги обврзува и наставниците да не ги прашуваат директно децата дали сакаат да живеат како момче или девојче ако забележат таква тенденција, туку наместо тоа да го прашаат нивното име и заменката на која сакаат да им се обратат.

Основните и средните училишта, исто така, мора да стават учебници со трансродови луѓе и да им овозможат на учениците да изберат која гардероба или тоалет сакаат да ја користат, како и да размислат за воведување на униформа за полова неутралност.

Loading...

 

 

Меѓутоа, имаше критики во јавноста дека овој водич е означен како шокантен и предизвикува загриженост дека на таквите мали деца им е дозволено да донесуваат одлуки што го менуваат животот.