Шинзо Абе се бори за живот, атентаторот го открил мотивот

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида бил алармиран по нападот на неговиот претходник и ги прекинал сите активности и се упатил кон Токио.

Loading...

Јапонските полициски службеници го идентификуваа Тецуја Јамагами, жител на градот Нара на околу 40-годишна возраст, како лицето кое пукаше во поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.

Јамагами го нападна Абе со пиштол додека поранешниот премиер држеше говор во близина на станицата Јамато-Саидаиџи во градот Нара.

Според фотографиите што ги споделија јапонските новински агенции, Абе паднал на земја крварејќи од градите.

Поранешниот премиер одржа говор во рамки на кампањата за претстојните избори за горниот дом на парламентот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата дама на Бразил го пцуеше Илон Маск: „Не се плашам од тебе...“ (ВИДЕО)

Јамагами е уапсен под сомнение за обид за убиство и приведен во полициска станица. Полицијата запленила и пиштол, а според првичните информации оружјето било рачно изработено.

Во полициската станица Јамагами наводно рекол дека пукал во поранешниот премиер Абе затоа што не бил задоволен од него.

Извештајот на јапонската новинска агенција NHK, исто така, откри дека Јамагами работел три години како маринец во Јапонските поморски сили за самоодбрана.

Loading...

Властите се уште сѐ обидуваат да го откријат целосниот мотив зад овој крвав напад.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида бил алармиран по нападот на неговиот претходник и ги прекинал сите активности и се упатил кон Токио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Јапонските медиуми наведуваат дека Абе доживеал кардиореспираторен застој веднаш откако бил ранет. Тој е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.