Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе им подлегна на повредите, соопштија властите на болницата, каде што се лекуваше откако беше ранет денеска за време на говорот во градот Нара два дена пред парламентарните избори.
Лекарите откриваат дека Абе искрварил до смрт откако убиецот го застрелал во срцето и вратот со домашен пиштол.
Лекарите во болницата во јапонскиот град Нара изјавиле дека при приемот во болница по нападот, поранешниот премиер не давал знаци на живот, но дека лекарите се обиделе со реанимација, пренесува Срна.
– Тој практично искрвари до смрт. Ситуацијата беше многу тешка уште на почетокот – изјавија лекарите на прес-конференцијата.
Тие рекоа дека Абе има две рани на вратот и грбот и поткожно крварење.
Истиот извор наведува дека му била дадена поголема количина на крв во обид да го реанимираат, но безуспешно.
Веста за смртта на Абе ја објави јапонската агенција NHK, повикувајќи се на извори од Либерално-демократската партија.