Шинско возило удрило во автомобил на железничка рампа кај Миладиновци
On:
Сподели со своите пријатели
Во текот на вчерашниот ден околу 13.45 часот, шинско возило, сопственост на „Македонски железници“,удрило во патничко моторно возило марка „Форд Фокус“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Шинското возило кое се обраќало на делот од пругата помеѓу железничка станица Куманово кон железничка станица Миладиновци на обележан железнички премин со звучна и светлосна сигнализација во с.Дељадровци, удрила во патничко моторно возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.
Железничкиот сообраќај бил во прекин до 17.00 часот. Извршен е увид, а повредени лица нема.