Шилегов: Прв за сослушување е Груевски, потоа Протуѓер, Ставревски и Мијалков (видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на анкетната комисија за случајот ”прислушување”, Петре Шилегов, вчера јавно го објави списокот на лица кои се предвидени за сослушување, потенцирајќи дека согласно деловникот, се работи за јавен повик со цел истите истите да дадат сопствена изјава.

Loading...

Во текот на денешниот ден како претседател на Анкетната комисија преку целиот ден се обидов да направам координација со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за да можеме да го составиме редоследот на сведоците кои треба да се појават од среда па натаму на сведочење за анкетната комисија. За жал не успеавме. Сакам да ве известам дека се до овој момент, до давањето на изјавата до 17:00 часот, во архивата на Собранието на РМ ниту еден од прозваните сведоци за сослушување не се произнесе писмено за кога може да присуствува на сослушувањето, т.е. да биде сослушан како сведок пред анкетната комисијата и бидејќи немаме никаква писмена конфирмација како претседател на комисијата, на јавноста, но и на повиканите лица, согласно деловникот за работа им го соопштувам следниот редослед на сослушување на сведоци.

Седниците ќе се одржуваат секој ден од 11 часот до кога ќе трае сослушувањето на сведоците. На 09 декември, среда, согласно деловникот, ќе биде сослушан Никола Груевски, прв предложен од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Во четврток, 10 декември, ќе биде сослушан Мартин Протуѓер како прв предложен на листата од СДСМ и Зоран Ставревски како втор предложен од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. На 11 декември, петок, ќе биде сослушан Сашо Мијалков, како втор од листата на СДСМ. На 14 декември ќе биде сослушана Гордана Јанкуловска како трето предложена од ВМРО ДПМНЕ и на 15 декември, вторник, ќе биде сослушан Миле Јанакиевски како трет повикан од пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Воедно овој распоред согласно деловникот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред анкетната комисија и да дадат сопствена изјава, изјави Шилегов.