Шилегов: Поднесуваме кривични пријави против Димитриев, Попоски, Тодоров и Канческа (видео)

Сподели со своите пријатели

СДСМ поднесува кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабете Канчевска – Милевска поради прекршување на Изброниот Законик, ова денес на прес конференција го соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Во Изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека со денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Во ваков случај, Министерствата не остануваат без раководно лице, бидејќи неговата должност ја презема заменик министерот. Наведените членови на ВМРО ДПМНЕ смислено и во континуитет од денот на верификација на мандатите за пратеници во Собранието на РМ, парарелно ја вршат и функцијата министер. Со таквото однесување тие ја злоупотребуваат својата службена положба и овластување – изјави Шилегов.

Како што потенцираше портпаролот на партијата, СДСМ како одговорна партија, која се грижи за доследно спроведување на законите во Република Македонија, поднесува соодветни кривични пријави против наведените лица и очекуваат брза и ефикасна реакција од надлежното обвинителство.