Сеудмдесет и осумгодишен кумановец е тешко повреден откако во него удил автомобил „шевролет“ управуван од негов сограѓанин.
Loading...
– На 12.09.2023 во 09.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Борис Кидрич“, патничко моторно возило „шевролет“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Куманово, удрило во М.С.(78) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски