Во сериозна несреќа што се случи во петок наутро, авион на Кралската тајландска полиција со регистрациски број 36964 се урна во Тајландскиот Залив, недалеку од брегот на познатото одморалиште Хуа Хин. Сите шест полицајци кои биле во летот ги загубиле животите во несреќата.
Авионот „Викинг ДХЦ-6-400 Твин Отер“ бил на пробен лет по рутинско одржување и се подготвувал за обука за падобранство.
Според првичните информации, авионот ја изгубил стабилноста кратко по полетувањето, а потоа паднал вертикално во морето на околу 100 метри од хотелот „Бејби Гранд Хуа Хин“, каде што се распаднал при ударот со површината на водата.
Пет члена на екипажот загинаа на самото место, додека шестиот полицаец им подлегна на повредите подоцна во текот на денот во болница.
Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот кога авионот паднал во морето откако ја изгубил контролата.
Властите веднаш започнаа обемна истрага за да ја утврдат причината за несреќата.
Royal Thai Police Viking DHC-6-400 Twin Otter crashes into the sea shortly after takeoff from Hua Hin Airport in Thailand.
All six occupants sustained fatal injuries in the accident.
Pol Lt Gen Archayon Kraithong, spokesman for the Royal Thai Police, said the incident happened… pic.twitter.com/dcp4gY2Nre
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) April 25, 2025