Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините

Сподели со своите пријатели

Шесткатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица останале затрупани под урнатините.

Полициски, противпожарни и медицински екипи се на терен и во тек е спасувачка акција.

Има информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не се знае дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.

Причината за уривањето се уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ураганот „Мелиса“ ја погаѓа Куба, над 700.000 луѓе се евакуирани