Шест слонови настрадаа на Тајланд откако се обидела да спасат слонче од пад низ озлогласениот водопад во националниот парк на југот од земјата.
Локалните официјални лица рекоа дека до несреќата дошло откако тригодишното слонче се лизнало од карпата кај водопадот, а другите тргнале да му помогнат и паднале во провалијата.
Вработените во националниот парк добиле пријава дека група слонови блокирале еден тамошен пат кој се наоѓа недалеку од водопадот. Неколку часа подовна во подножјето на водопадот се најдени труповите на тригодишниот слон, а недалеку од него уште пет.
Едвин Виек, основач на фондацијата „Пријатели на дивината“ рече дека останатите слонови немаат многу шанси за преживување зошто се зависни едни од други во потрага по храна, а и заштитени кога се во стадо. Исто така, Виек вели дека оваа несреќа емотивно ќе се одрази врз слоновите зошто тие се исклучително чувствителни животни.
Уште два слона се забележани на карпата кај водопадот, а власите се обидуваат да ги спасат. Еден од тие слонови наводно е мајката на младото кое прво паднало од карпата.
Ова не е првпат на ова место да се случи ваква несреќа. Во 1992 година на водопадот, кој локалното население го нарекува „Ѓаволски“, смртно настрадаа осум слонови.
Currently rangers are looking for ways to rescue two surviving elephants, one of them the mother of a calf that drowned. pic.twitter.com/RhHrB2u1b9
— Edwin Wiek (@EdwinWiek) October 5, 2019