Шест скандали поради кои Гугл може да ја прогласи 2018. за промашување

Сподели со своите пријатели

Технолошкиот гигант „Гугл“ оваа година претстави бројни нови производи како „Гугл Хоум Хаб“, уред кој ги котролира сите паметни уреди во домаќинството, нова верзија на своите смартфони, таблети, камери… Меѓутоа, компанијата оваа година беше вмешана и во голем број скандали.

Loading...

1. Проект „Драгонфлај“

Некои од проектите на кои работеле се толку контроверзни, што се бунеле и нивните работници. Така на пример, Гугл соработувал со кинеските власти и направил цензуриран пребарувач и во тишина собирал податоци од луѓето во таа земја.

Тој пребарувач требало да се нарекува „Драгонфлај“, а би отстранувал содржини кои Комунистичката партија на Кина ги смета за чувствителни, вклучително информации поврзани за слобода на говорот, дисиденти, мирни протести и човекови права.

Организациите за човекови права го критикуваа „Драгонфлај“, а седум инжинери на Гугл поднеле оставки во знак на протест поради недостатокот на транспарентноста на овој контроверзен проект. На крајот проектот е изгаснат поради голема побуна на работниците.

2. Рекордна казна од ЕУ

Европската унија ја казни американската компанија Гугл со околу4,3 милијарди евра поради користење на нејзиниот оперативен систем Андроид за блокирање на ривалите.

Тоа беше нова рекордна казна за кршење на правилата на конкуренцијата.

Loading...

Со изрекувањето на казната ставена е точна на истрагата која ЕУ ја започна поради договорот кој Гугл го потпишал со произведувачи на телефони и оперативни мобилни мрежи.

3. Предрасуди кон конзервативците?

Во декември извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи мораше да одговара на прашања од американските конгресмени поради обвиненијата на републиканските контресмени дека Гугл развил алгоритми за пребарување на интернет со кои ги потикнуваат конзервативните ставови. И Трамп го обвини Гугл, дека работи во корист на демократите.

Пичаи ги отфрли обвинувањата за политичка пристрансност и порача дека тоа било против клучните принципи и бизнис интереси на компанијата.

– Користиме бројни извори, и од левицата и од десницата. Се трудиме да обезбедиме различни ставови, рекол Пичаи во сведочењето пред Одборот за правосудство на Претставничкиот дом.

4. Проект „Мајвен“

Голема прашина се крена во американската јавност откако бројни работници на Гугл дадоа отказ во компанијата, додека илјадници потпишаа петиција против продолжување на соработката со Пентагон на проект за вештачка интелигенција кој би се вовел во воена употреба.

Над 3.000 работници на Гугл потпишаа петиција во знак на протест поради вмешаноста на компанијата во проектот „Мајвен“, кој има за цел со помош на вешатчка интелигенција да го подобри ефектот на ударот на дронови на бројни боишта. Проектот е прекинат при притисок од вработените.

Loading...

5. Гугл заштити обвинети за сексуално вознемирување

Во ноември илјадници вработени во Гугл излегоа на улиците ширум светот во протест поради извештајот за тоа како компанијата ги штити менаџерите обвинети за сексуално вознемирување и мобинг.

Американскиот „Њујорк тајмс“ објави приказна со детални обвиненија на една жена за сексуално вознемирување против творецот на Андроид Енди Рубин. Магазинот наведува дека Рубин во 2014 година со отказот примило отпремнина од 90 милиони долари, иако Гугл заклучил дека обвиненијата за сексуално вознемирување против него биле кредибилни.

6. Следење на корисниците

Гугл го бележи вашето движење дури и кога експлицитно че се изјасните тоа да не се прави.

Истражувањето на АП покажува дека користењето на Гугл сервисот преку андроид уредите и ајфон овозможува компанијата да ги бележи местата на кои одите во текот на денот, дури и ако сте го активирале подесувањето за приватност кое би требало да ги спречи во тоа.

Гугл ги чува податоците за местата со забележан датум и време кога апликацијата „maps“ едноставно ќе се отвори. Кога ќе ја отворите апликацијата зна дневна временска прогноза, таа автоматски го дефинира приближното место на кое се наоѓате. Некои пребарувања кои немаат никаква врска со локацијата, утврдуваат прецизни координати на вашиот Гугл профил во опсег до 0,09 метри квадратни.

Leave a Reply