Loading...
За здравјето на коските и зглобовите многу е важна исхраната. Затоа, збогатете го своето мени со производи богати со калциум. Ви откриваме шест производи кои би требало да ги јадете колку што е можно почесто.
Млеко
Млекото е најдостапен извор на калциум. Освен тоа, калциумот во млекото се наоѓа во облик кој телото лесно го вари и апсорбира.
Јогурт
Богат со белковини и здрави бактерии за вашиот стомак, јогуртот содржи околу 400 мг калциум во една порција. Избегнувајте овошни јогурти и одлучете за обичен со мало количество на маснотии.
Зелен зеленчук
Поголемиот дел од зеленчукот, а особено зелениот, содржи калциум. Одберете спанаќ, репа, кељ, зелена салата, целер, брокула, зелка, шпароги, печурки.
Грав и грашак
Уште еден одличен извор на калциум.
Билки и зачини
Босилек, мајчина душица, цимет, нане и лук не само што ќе и дадат на храната одличен вкус, туку ќе ви обезбедат и квалитетна доза на калциум.
Портокали
Не само што содржат калциум, туку и витамин Д кој е непходен за апсорпција на калциумот. Исхраната задолжително збогатете ја со портокали, лимони, мандарини.