Шест пожари вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест помали пожари вчера имало на територијата на Општина Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Пожар избувнал во атарот на селото Умин дол каде горела сува трева. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 14:30 до 17:35 часот.

Пожар околу 15:14 часот имало и во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ каде исто така горела сува трева. Пожарот е изгаснат од тројца пожарникари.

Сува трева горела и покрај автопатот Куманово – Скопје, каде двајца пожарникари гаснеле од 13:55 до 14:25 часот.

Во атарот на селото Романовце гореле сува трева и стрниште на површина од околу 1.000 метри квадратни. Интервенирале тројца пожарникари од 13:15 до 17:15 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово е подготвено за првиот снег (ВИДЕО)

Стрниште горело и во Агино село, каде гаснеле двајца пожарникари од 11:25 до 15:05 часот.

На месноста Пчински пат исто така горела сува трева каде четворица пожарникари интервенирале во период од 21:30 до 22:30 часот.

Никола Ивановски

Loading...